348
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денеска на средба го прими специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Саразин. На средбата се разговараше за последните политички и безбедносни случувања во земјата и регионот.
Османи ја истакна посветеноста на Косово во процесот на евроинтеграции, изразувајќи благодарност за поддршката од Германија.
Таа, особено ја истакна целосната поддршка за Берлинскиот процес и договорите кои произлегуваат од овој процес.
Воедно, Османи ја истакна потребата од континуирана германска поддршка за зајакнување на меѓународната позиција на Косово како и исполнување на аспирациите за членство во Советот на Европа, НАТО, ЕУ и другите меѓународни организации.