Министерството за здравство на Газа: Од почетокот на војната загинаа 36.096 лица

од Milan1
264 прегледи

Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека најмалку 46 Палестинци се убиени во изминатите 24 часа, како и дека бројот на жртвите на територијата за време на повеќе од седум месеци војна достигна 36.096, пренесуваат израелските медиуми.

Министерството, исто така, истакна дека во болниците низ Газа биле идентификувани околу 24.000 од овие наведени жртви.

Во соопштението на палестинското министерство се додава дека од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас, на 7 октомври лани, во Газа биле ранети 81.136 лица.

Израелските медиуми наведуваат дека билансот на загинатите, што не може да се потврди, вклучува околу 15.000 „терористички оперативци“ за кои Израел вели дека биле убиени во борбите.

Израел, исто така, тврди дека околу 1.000 екстремисти биле убиени во Израел на 7 октомври и дека 288 војници биле убиени во копнената офанзива против Хамас и во операциите долж границата со Газа.

Слични содржини