Пет лица се повредени денеска во Москва кога непознат маж пукал во возило на јавен превоз од прозорецот на неговата куќа, јавија руските медиуми.
Престрелката се случила во областа Бибирево на северот на Москва, пишува порталот Газета.ру.
Припадници на полицијата излегле на местото на автобуската станица каде биле искршени стаклата, улиците се делумно блокирани, а како што пренесува каналот „Шот Телеграм“, лекарите им помагаат на ранетите маж и жена.