Пијан полицаец возел во спротивна насока на автопатот и удрил во автомобил во кој се наоѓал млад пар. Несреќата се случила во петокот вечерта на автопатот кај Риека.
Полицаецот удрил во страната на автомобилот во кој биле млад човек (23) и неговата девојка (22). За среќа тие биле полесно повредени. Од полицијата велат дека 43-годишниот полицаец не бил на должност и управувал приватен автомобил.
Несреќата се случила околу 23 часот на вијадуктот Сливно.
Дечкото и девојката се враќале од Риека кон Горски котар кога пред нив се појавил автомобил од спротивната страна. Младиот возач се обидел да избегне верижен судар, па полицаецот удрил во страничната врата и во задната гума од автомобилот на младиот човек. Полицаецот потоа побегнал од местото на несреќата, а младиот пар повикал полиција.
Дечкото и девојката се здобиле со полесни повреди и со возило на Брза помош се пренесени во болница. Алкотестот покажал дека 23-годишниот возач не конзумирал алкохол, а полицаецот имал 1,3 промили. Повредените се пуштени на домашно лекување.
– До несреќата дошло кога 43-годишен маж, управувајќи приватно возило со риечки регистарски ознаки во спротивен правец, удрил во страната на приватно возило со загребски регистарски ознаки, кое го управувал 23-годишен маж – соопшти полицијата, пренесува Даница.хр.