Добро е што на ДУИ му останува можноста само да зборува и да делува опозиција во рамки на институции и нашето ветување дека ДУИ ќе оди во опозиција по изборите го реализираме, истакна пратеничката и портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева во „Анализа 24” на ТВ24.
-Не ме изненадуваат ваквите зборови кои ги користи ДУИ. Ние изминативе години бевме сведоци на нивни изјави, но резултатот по изборите кажа дека тоа време завршува и дека е дојдено време каде ќе владее правото и ќе има трансформација на Македонија во позитивна смисла, рече Митева.
Митева тврди дека во Македонија е возможно да има функционален систем и институции.