Музичарите од Coldplay ги намалија директните емисии на јаглерод диоксид за 59 проценти

од Milan1
367 прегледи

Кога станува збор за декарбонизација на музичката индустрија, популарниот рок бенд од Лондон, Coldplay, го подигна нивото: за време на актуелната светска турнеја, музичарите ги намалија директните емисии на јаглерод диоксид за 59% во споредба со претходната светска турнеја (2016/17) .

Но, не само што дадоа пример за другите колеги, туку ги надминаа и сопствените очекувања: имено, кога ја најавија турнејата Music of the Spheres во 2021 година, ветија дека ќе го намалат нивниот јаглероден отпечаток за најмалку 50%.

Бројките, кои беа потврдени и од престижниот Технолошки институт во Масачусетс (МИТ), всушност се однесуваат на намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид кога станува збор за концертно производство, транспорт на опрема и патување на целата екипа.

Но, како Coldplay на вусшност постигна толку импресивни резултати?

Клучот е во различните креативни решенија што ги користеле.

Не само што се потпираа на сончевата енергија за напојување на концертите, туку и на енергијата на самите обожаватели: танцување на кинетичката подиум за танцување и возење специјални статични велосипеди, посетителите на концертот полнеле батерии што го напојувале телефоните и останатите уреди на продукцискиот тим.

Колдплеј, исто така, се потпираше на кружната економија во оваа светска турнеја, обезбедувајќи им на фановите фонтани за вода и поканувајќи ги да донесат шишиња за повеќекратна употреба. Освен тоа, дури 86% од посетителите ги вратиле ЛЕД нараквиците кои ги користеле за рециклирање.

Според официјалната веб-страница, бендот донирал и речиси 10.000 угостителски оброци за бездомниците. А 72% од произведениот отпад не отишол на депонии, туку бил проследен на повторна употреба, компостирање и рециклирање.

Но, позелени не беа само локациите на концертот, туку и патувањето до нив…

Со купување на одржливо авионско гориво, произведено од отпад кој вклучува масло за јадење, Coldplay избегна ослободување на преку три илјади тони еквивалент на јаглерод диоксид. Во овој потфат тие беа поддржани од фановите, на кои бендот апелираше да доаѓаат на концертите пеш, со велосипед, со јавен превоз или со споделување на возење меѓу себе.

Посетителите можат да користат и бесплатна апликација за да го пресметаат нивниот личен јаглероден отпечаток, а оние кои се особено посветени да придонесат за најмалку штетни емисии се наградени со попуст во продавницата за обожаватели. Продадените артикли се направени од природни влакна и материјали за повеќекратна употреба и се спакувани во рециклирана хартија или кеси за компостирање.

Конечно, преку иницијативата „Едно дрво засадено“ ќе се засади дрво за секој посетител.

Досега се засадени седум милиони дрвја, со што се обновени околу 10.000 хектари земјиште во вкупно 24 земји, од Англија до Бразил до Малави, објави Coldplay.

Иако штетните емисии на музичката индустрија во голема мера се игнорираат, овој бенд не учи да ги препознаваме. Но, надвор од тоа: тој со својот пример покажува како музичарите можат да го намалат својот јаглероден отпечаток. Тие не се сами во ова, електронската група Massive Attack најави концерт за август оваа година кој ќе се напојува исклучиво од обновливи извори.

Слични содржини