277
Лидерот на крајнодесничарската француска партија „Национален собир“, Жордан Бардел денеска изјави дека ќе ја прифати функцијата француски премиер само доколку неговата партија освои апсолутно мнозинство во Парламентот.
Тој објасни дека во случај партијата да не освои апсолутно мнозинство, нема да има слобода да придонесува за „секојдневниот живот на француските граѓани“, а смета дека тоа е неопходно, пренесува лондонски „Гардијан“.
Резултатите од анкетата сугерираат дека партијата „Национален собир“ е на пат да победи на предвремените парламентарни избори што ги распиша францускиот претседател Емануел Макрон по убедливата победа на евроскептичната, антиимиграциска партија на изборите за Европскиот парламент претходно овој месец.