Хезболах тврди дека има ново оружје што може да го користи за да погоди цели длабоко во Израел

од Илинка Илиоска
309 прегледи

Хезболах има ново оружје и разузнавачки способности кои, во случај на сеопфатна војна, би можеле да му помогнат да погоди цели длабоко во израелската територија, изјави синоќа Хасан Насрала, водачот на таа милитантна организација од Либан.

„Сега имаме ново оружје. Но, нема да кажам какво. Кога ќе се донесе одлуката, тоа ќе се види на првите борбени линии“, рече тој во телевизиското обраќање по повод комеморацијата на висок припадник убиен минатата недела во израелски воздушен напад во јужен Либан. Во октомври Хезболах употреби домашно изработени беспилотни летала и ракети земја-воздух против израелски авиони за првпат од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас.

Насрала во 2021 година изјави дека Хезболах има 100.000 борци, но сега тврди дека ги има уште повеќе, без да ја прецизира бројката. Тој, исто така, рече дека ги отфрлил понудите од сојузничките земји и милициите од регионот кои би можеле да додадат десетици илјади борци во редовите на Хезболах. Речиси 10-минутно видео, наводно снимено од дрон на Хезболах, прикажува делови од Хаифа – град кој не е блиску до границата меѓу Израел и Либан. Видеото беше објавено вчера. Насрала изјави дека Хезболах има уште многу такви снимки – очигледна закана дека неговите напади би можеле да стигнат до локации длабоко во Израел.

Началникот на израелската армија, генерал-полковник Херзи Халеви, рече дека Израел е свесен за можностите на Хезболах прикажани на видеото и има решенија за тие закани.

Слични содржини