Путин: Русија не исклучува испорака на оружје за други земји, како одговор на испораката на оружје за Украина

од Milan1
1,4K прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва не ја исклучува можноста да доставува оружје за други земји како одговор на испораката на оружје за Украина.

На прес-конференција во Виетнам, Путин рече и дека Русија го задржува правото да испорачува оружје на Северна Кореја, пренесува Риа Новости.

„Русија не ја исклучува испораката на оружје за други земји, како одговор на испораките за Украина“, рече Путин, додавајќи „Западот нека размисли каде ќе заврши ова оружје“, пишува „Риа Новости“.

Рускиот лидер изјави и дека Москва размислува за можни промени во својата нуклеарна доктрина, пренесе „Танјуг“.

Слични содржини