САД префрлиле дел од своите нуклеарни сили поблиску до Северна Кореја по посетата на Путин

од Milan1
595 прегледи

САД го засилиле присуството на своите стратешки сили во азискиот регион по посетата на Владимир Путин на Северна Кореја, чиј резултат беше обнова на воената алијанса меѓу Москва и Пјонгјанг создадена на почетокот на 1960-те години. Според соопштение на Индо-тихоокеанската команда на американските вооружени сили (ПАКОМ), група на нуклерни бомбардери „B-1B Lancer“ биле однесени во воената база Гуам во западниот дел на Тихи Океан.

Суперсоничните авиони со потенцијал да носат бомби со вкупна тежина од 34 тони, долетале на Гуам за да демонстрираат „спремност за реакција во подршка на сојузницие, партнерите и пријателите“, истакнаа денеска од ПАКОМ.

Бомбардерите ќе исполнуваат „плански мисии на бомбардерски оперативни групи“ се вели во соопштението на командата,

Како што пишува изданието „Старс енд страјпс“ (Stars and Stripes) речиси истворемено за првпат на Гуам дошле атомскиот носач на авиони на воено-морските сили на САД „УСС Роналд Реган“ и ракетниот разурнувач „УСС Роберт Смалс“.

Префрлањето на стратешките сили на САД се случува ден по посетата на Путин на Северна Кореја, прва таква посета во своите 24-те години владеење како лидер на Русија.

Во Пјонгкјанг, каде рускиот претседател беше пречекан со парада, колона од луѓе покрај патиштата, и гигантск портрети на зградите, Путин потпиша договор за „стратешко и сеопфатно партнерство“ со КНДР.

Документот „предвдува меѓудругто и пружање заемна помош во случај на агресија против еден од учесниците на тој договор“, изјави Путин при кројт на својата посета. Москва исто така не исклучува и воено-техничка соработка со КНДР иако тоа е забрането со санкции на ОН.

Слични содржини