Околу 20 тела се пронајдени по пожарот што утринава избувна во јужнокорејска фабрика за батерии јужно од Сеул, објави новинската агенција „Јонхап“, повикувајќи се на противпожарни служби.
Во фабриката имало 67 луѓе.
Телевизиските снимки покажуваат мали експлозии и искри во запалената фабрика.