84
Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж слета на аеродромот во Канбера, каде што беше пречекан со аплауз од неколку стотици лица. Тој беше пречекан и од сопругата Стела и други членови на семејството.
Асанж ги поздрави насобраните, а потоа ја прегрна сопругата.
Да потсетиме, претходно денеска Асанж се изјасни за виновен по едно обвинение пред американскиот суд во Саипан во замена за укинување на сите други обвиненија и слобода, а откако го напушти судот полета за Австралија.
Асанж се изјасни за виновен по една точка од обвинението за добивање и објавување на американски воени тајни како резултат на договорот со обвинителите на американското Министерство за правда со кој си обезбеди слобода.