Навивачите се противат на давањето бесплатни билети на инфлуенсерите

од Milan1
16 прегледи

Таканаречените инфлуенсери се повеќе добиваат бесплатни билети на германските фудбалски стадиони бидејќи клубовите тоа го гледаат како маркетинг.

Навивачите протестираат и бараат тие седишта да се одвојат.

-Дали некој доаѓа на стадион затоа што го интересира играта? За тоа има нормални делови на трибините, изјави во вторникот за германската новинска агенција (dpa) Томас Кесен, претставник на Здружението на германските навивачи.

– Ако некој дојде на стадион да работи и некако да заработи нешто, тогаш нека си оди делот наменет за новинари, рече Кесен.

Имено, „вистинските фанови“ често се жалат дека инфлуенсерите добиваат бесплатни билети од спонзорите и партнерите и им ги крадат местата. Истото важи и за Европското првенство во Германија, пренесува ДПА.

– Ако им одземете места на навивачите, особено за стадионите на кои играат Борусија Дортмунд, Баерн или Шалке 04, кои секогаш се распродадени и за кои инаку е тешко да се набават билети, тогаш ваквото однесување е навистина за осуда, додаде Кесен.

Според него, во најмала рака е погрешна практиката „одвојување билети за луѓе кои немаат интерес за играта, туку само за себепромоција“.

Слични содржини