Поскапуваат патарините во Србија

од Milan1
25 прегледи

Во Србија од 10 јули ќе има поскапување на патарините, откако Владата на Србија го одобри новиот ценовник на Јавното претпријатие Патишта на Србија.

Новите цени на патарините ќе поскапат линерано за 10 отсто.

Цената на патарината од Белград – Ниш Југ ќе изнесува 1.130,00 динари додека старата цена изнесуваше 1.020,00 што е за 110 динари поскапо или околу 0,90 центи. Останатите цени на одделни делници се:

Белград – Суботица: нова цена 800,00 динари (стара цена 730,00)
Белград – Шид: 500,00 динари (450,00 динари),
Обреновац – Прељина: 560,00 динари (510,00)
Белград – Врбас: 470,00 динари (420,00)
Белград – Димитровград: нова цена 1.670 (до сега 1.510 динари)

Слични содржини