Стано: ЕУ се уште нема донесено одлука за укинување на мерките против Косово

од Илинка Илиоска
31 прегледи

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано денеска изјави дека Европската унија се уште нема донесено одлука за укинување на казнените мерки против Косово и дека во Советот на ЕУ продолжуваат дискусиите за евентуално отстранување на санкциите.

Според него, извештајот на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, за исполнувањето на барањата на Косово од страна на ЕУ, изразени во Декларацијата од 3 јуни 2023 година, беше испратен до земјите-членки и првата дискусија беше одржана во јуни.

„Високиот претставник препорачува укинување на мерките за Косово, како што нагласи на прес-конференцијата на 24 јуни 2024 година. Дискусиите во Советот продолжуваат“, изјави Стано за Телеграфи.

Слични содржини