Поставен камен темелник за изградба на влезот во Битола од страна на Прилеп

од Milan1
33 прегледи

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски и градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес со поставување камен темелник го означија отпочнувањето на проектот за изградба на влезот во Битола од страната на Прилеп.

-Овде сме заради еден вреден проект реконструкција на коловоз во должина од 1,3 километри на потегот од „Лук Оил“ до ГУП, односно до самиот влез во градот кај таблата што пишува Битола. Делницата која опфаќа не само нов коловоз туку комплетен булеварски влез со ширина од 27,5 метри, ширина на двата коловози од по 7,5 метри, со урбано уредена површина која ќе ги разделува двата коловози со пешачки и велосипедски патеки од 5,5 метри од по страните. Влез кој заслужува да биде направен, затоа што беше болна точка, беше влез кој недоликуваше за Битола, рече градоначалникот Тони Коњановски.

Премиерот Мицкоски истакна дека овој проект е многу значаен за битолчани и очекува овој влез да биде брзо завршен, со што ќе биде заокружена една целина.

-За мене Битола има посебно значење во делот на реализација на проектите, бидејќи, Битола, полека но сигурно во овие години откако Тони Коњановски е градоначалник, заедно со советниците и со администрацијата, се обидуваат што е можно повеќе проекти да реализираат. Морам да напоменам дека Владата во тој период не беше позитивно настроена кон Битола, се земаа ингеренции и сеуште имаме рецидиви од тоа време. Но, сега е поинаква ситуацијата и од тоа што го знам дека, кога ќе помине ребалансот и ќе биде објавен јавниот повик, општина Битола ќе конкурира со нови проекти, а ќе имаме нови проекти и со усвојување на буџетот идната година. Само во овој период до крајот на оваа година и следната околу 14, 15 милиони евра ќе бидат инвестирани во проекти овдека во Битола, надвор од буџетот којшто го има самата општина, изјави премиерот Мицкоски.

Слични содржини