38
– На 25.07.2024 во 22:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Е.Т.(18) од село Алгуња, општина Старо Нагоричане, затоа што на улицата „11 Октомври“ во Куманово била затекната при питачење со две малолетни деца, информираат од МВР.
Е.Т. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.