Германското земјоделство придонесува помалку од еден процент во вкупниот бруто домашен производ (БДП) на земјата и е помалку важно за националната економија отколку во соседните земји како Франција или Полска.
„Германскиот земјоделски сектор во последните години беше под притисок поради демографските промени. Недостигот од квалификувани работници е проблем за сите сектори, а особено е тешко да се придобијат младите во земјоделскиот сектор“, објаснува Рајнхард Јунг, советник за политика во групата за земјоделци „Фри фармерс“, пренесува Политика.
Бидејќи младите денес имаат „желба за добра рамнотежа меѓу работата и приватниот живот“, вели Јунг, а напорната работа и недостатокот на одмор, како што е вообичаено кај постарите генерации, „не е опција“ за младите, пишува Дојче веле. За повеќето млади Германци, работата на фарма е веројатно незамислива, како што покажа една неодамнешна анкета на улиците на Бон.
Шпекулациите за земјиштето по финансиската криза од 2009 година и зголемениот интерес на мултинационалните прехранбени компании за обработливо земјиште го спречуваат повторното паѓање на цените. Земјоделците се особено загрижени за климатските промени, кои го прават земјоделството понепредвидливо во летните топлотни бранови или обилните дождови кои влијаат на родот на јаболкото.
Земјоделците се обесхрабрени и од огромната бирократија на ЕУ и од нејзините напори да го направи земјоделството поодржливо.