Се обидел да поткупи полицаец со 5 евра: На граничниот премин Врмица уапсен македоснки дравјанин

од Илинка Илиоска
120 прегледи

Косовската полиција објави случај на обид за поткуп на полициски службеник на граничниот премин во Врмица.

Случајот се случил во петокот, во 19:05 часот.

„Осомничениот маж, државјанин на Северна Македонија, е уапсен откако на полицискиот службеник му понудил 5 евра за да ја забрза постапката на граничниот премин“, се вели во извештајот.

Со решение на обвинител, осомничениот е приведен.

Слични содржини