39
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан денеска изјави дека Турција ќе се приклучи на тужбата за геноцид на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг во среда.
Фидан ова го изјави на прес-конференција во Каиро, пренесе „Ројтерс“.
Турција во мај објави дека одлучила да се приклучи на случајот што го покрена Јужна Африка бидејќи ги засили мерките против Израел поради неговиот напад врз Газа и дека тоа ќе го стори по неопходните правни подготовки.