Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска изјави дека оваа година е неопходно да се подготви основата за постигнување мир со Русија.
„Нашата постојана цел е да ја подготвиме вистинската основа за праведен крај на конфликтот оваа година“, рече тој, пренесe српска Политика.
Зеленски претходно призна дека целиот свет и тој сака Русија да учествува на следната мировна конференција за да се реши ситуацијата во Украина.
Како што се наведува, Москва повеќепати предлагала конфликтот да се реши по мирен пат, но Киев воведе забрана за преговори.
Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин кон средината на јуни покрена иницијатива за мирен крај на конфликтот во Украина, наведувајќи дека за почеток на преговори, режимот на Киев мора да ги повлече своите војници од териториите на ДПР, ЛНР, Регионите Херсон и Запорожје, како и тоа дека Киев ќе мора официјално да се откаже од плановите за влез во НАТО.
Инаку кабинетот на Зеленски ги отфрли предлозите на Путин, со оценка дека оваа иницијатива наводно подразбира откажување на Украина од нејзиниот субјективитет.