83
Петмина членови на Хезболах се убиени денеска во израелски напад врз јужен Либан, јави извор од либанските безбедносни сили, по што беше објавено дека организацијата возвратила со гаѓање на северен Израел со беспилотни летала.
Безбедносен извор рече дека петте борци на Хезболах биле убиени во израелски напад врз куќа во селото Мајфадун во јужен Либан.
Израелската армија соопшти дека гаѓала воен објект на Хезболах во регионот Набатиех, каде што се наоѓа местото Мајфадун, кое, како што додаде, го користат терористите за подготовка на напади врз Израел.
Хезболах соопшти дека со беспилотни летала гаѓале касарна на израелската армија северно од градот Акре.