Видео платформата Јутуб е недостапна во Русија, објавија илјадници корисници на 8 август. Најголем дел од поплаките на корисниците се забележани од Москва, Св. Петербург и Екатеринбург објави страната Довндетектор.
Рускиот пратеник Александар Хинштајн пред две недели соопшти дека за неколку дена брзината на прикачување видеа на Јутјуб во Русија ќе се намали за 70 отсто, велејќи дека Јутјуб „неказнето го прекршува и игнорира законот“.
На почетокот на јули, „Јутуб“ ги блокираше каналите на неколку руски пејачи и уметници поради нивната поддршка за руската инвазија на Украина.