Стано: Сите меѓународни партнери и порачуваат на администрацијата во Приштина да не се впушта во некоординирани чекори

од Илинка Илиоска
167 прегледи

Европската унија предупреди на воведување нови казнени мерки против Косово бидејќи, како што вчера изјави портпаролот на ЕУ, Петер Стано, Владата на Косово не покажува подготвеност за координација во акциите на северот на земјата.

„Не беа отстранети затоа што ако се сеќавате мерките беа воведени во јуни минатата година против администрацијата во Приштина затоа што се случуваа многу што доведоа до ескалација. Наместо чекори што водат кон релаксација, овие луѓе преземаат повеќе чекори што водат до ескалација. Мерките се уште постојат и му кажавме на светот дека мерките се прогресивни: тие можат да се продолжат или отстранат во зависност од развојот на ситуацијата. Па што ќе правиме? Имаме мерки и овие мерки може да се зголемат доколку европските актери се согласат дека треба да се зголемат“, рече Стано.

Тој понатаму додаде дека „Ние ги објавивме нашите изјави со нашиот став за прашањата за контролите во поштите на Србија и за напорите за еднострано отворање на мостот на Ибар, а во последните неколку дена јасно го кажавме нашиот став до нашите колеги во Косово, на многу нивоа, на многу начини и преку многу партнери“.

Според Станос, не само ЕУ бара од Косово да не се впушта во некоординирани акции, туку сите меѓународни партнери на Косово.

„Не е само ЕУ, сите меѓународни партнери на Косово и порачуваат на администрацијата во Приштина да не се впушта во оваа серија контрапродуктивни, негативни и еднострани и некоординирани чекори. Се надеваме дека конечно ќе ја слушнат пораката и ќе не спречат да размислуваме какви мерки ќе размислуваме да преземеме доколку ситуацијата не се промени“, рече Стано.

Слични содржини