Вучиќ потврди дека руските служби го информирале дека се подготвуваат масовни немири и обид за државен удар

од Milan1
106 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ потврди дека руските служби го информирале дека се подготвуваат масовни немири и обид за државен удар.

„Денеска добивме официјални информации од Руската Федерација, информации пренесени и донесени преку официјални канали. Ги добивме информациите, се занимаваме со тоа. Надлежна е БИА, луѓето специјализирани за ова во Владата на Србија си ја вршат својата работа“, изјави Вучиќ.

Тој рече дека нема да успеат оние што сонуваат да направат нешто на сила.

„Србија оди напред, не можат да ја запрат и никој никогаш повеќе нема да ја спречи“, рече Вучиќ во изјавата за новинарите за време на обиколката на работите на излезниот портал на тунелот „Иришки венац“ како дел од  проект Нови Сад- Рума.

Како што рече, луѓето во Србија не треба да се грижат, но можат безбедно да ги следат спортските настани на Олимписките игри.

На прашањето дали е загрижен, Вучиќ рече дека не е.

На највисоките претставници на српската влада, специјалните служби на Руската Федерација преку официјални канали им дале информации за подготовка на масовни немири и обид за државен удар и ликвидација на претседателот Александар Вучиќ и највисоките државни функционери, објавија српските медиуми денес.

 

Слични содржини