33
Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“ изрази загриженост за најновата предлог-измена на Законот за урбанизам која се носи по брза постапка, без соодветна јавна дебата и учество на засегнатите граѓани и граѓанскиот сектор.
„Оваа промена не само што го исклучува гласот на јавноста, туку и претставува закана за нашето јавно добро.Со оваа измена, ќе се овозможи уништување на јавни простори и непочитување на постоечките квалитетни законски решенија. Дополнително, изградбата на гаражи за автомобили ќе го зголеми бројот на возила на улиците, наместо да се поттикне користење на алтернативни и еколошки превозни средства“, велат од „Гоу Грин“