Шанса за Центар: Штом во лето не се презема нешто околу аерозагадувањето, не очекува зима со смог

од Илинка Илиоска
17 прегледи

Јане Димески од Граѓанска иницијатива „Шанса за Центар“ денеска нагласи дека штом власта во лето не презема ништо околу аерозагадувањето, не очекува зима со смог.

-Ние како граѓански иницијативи уште на изборите и во текот на кампањите баравме од партиите да се произнесат со конкретни мерки кои би се преземале веднаш по воспоставувањето на власта. Во оваа власт има амбициозно ветување дека ќе го замени начинот на греење на над 600 јавни објекти во Македонија кои трошат нафта и мазут. Но, ако тоа досега не е преземено нешто за летово да се почне да се менуваат тие системи на загревање, барем од аспект на јавните објекти загадувањето ќе остане исто и ќе не очекува зима со смог. Ќе се молиме да дувне ветер од некаде и со полни клиники, рече Димески

Слични содржини