Започна целосна реконструкција на улицата „Христо Татарчев“ со поддршка од Светска Банка и Министерството за транспорт и врски

од Илинка Илиоска
498 прегледи

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски, денес изврши увид во реконструктивните активности на улицата „Христо Татарчев“, која е дел од пошироката градежна офанзива за обнова на патната инфраструктура во општината. Проектот, кој опфаќа реконструкција на површина од околу 7000 квадратни метри, се финансира преку Светската Банка и Министерството за транспорт и врски.

„Денес се наоѓаме на улицата ‘Христо Татарчев’, каде ќе се изврши целосна реконструкција на потегот од бензинската ‘Мечкаров’ до кружниот тек на последната станица на автобусот бр. 24,“ изјави Ѓоргиевски. Тој додаде дека дотраениот и оштетен асфалт ќе биде заменет со нов, што ќе овозможи поудобен и побезбеден сообраќај за сите учесници.

Ѓоргиевски се заблагодари на Светската Банка и Министерството за транспорт и врски за финансиската поддршка, потенцирајќи дека проектот е дел од заложбите за темелна обнова на патната инфраструктура низ целата општина.

Градоначалникот, не прецизираше колку време ќе трае реконструкцијата на  улицата.

Слични содржини