Независниот кандидат за претседател на САД Роберт Кенеди Џуниор размислува да ја прекине својата претседателска кампања и да се приклучи на кампањата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп, изјави потпретседателскиот кандидат на Кенеди, Никол Шаханан, пренесе Ројтерс.
Шанахан рече дека таа и Кенеди, како независни кандидати, би можеле да ја добијат поддршката од потенцијалните гласачи на Трамп и да го отворат патот за Камала Харис да победи на изборите во ноември.
На прашањето кога ќе донесе одлука, таа не одговори.
Кенеди првично се обиде да го предизвика американскиот претседател Џо Бајден за номинација во рамките на демократите, но сепак се кандидираше како независен кандидат, потсетува Ројтерс.
Во анкетата на Ипсос спроведена овој месец, поддршката за Кенеди беше 4 отсто.