Макрон: Апсењето на основачот на Телеграм на француска територија се случи како дел од тековната судска истрага

од Milan1
29 прегледи

Павел Дуров, основачот на апликацијата за пораки Телеграм, роден во Русија, е уапсен во Франција како дел од тековната судска истрага и апсењето не било политички мотивирано, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон.

Објавата на Макрон на социјалната мрежа Х е прва официјална потврда за апсењето на Дуров речиси два дена откако тој беше приведен на аеродромот Ле Бурже во близина на Париз, веднаш по слетувањето со приватен авион од Азербејџан.

Отсуството на официјална потврда доведе до шпекулации за причините за притворот. Макрон рече дека прочитал „лажни информации овде за Франција по апсењето на Павел Дуров“.

„Апсењето на основачот на Телеграм на француска територија се случи како дел од тековната судска истрага“, напиша Макрон.

„Ова во никој случај не е политичка одлука. Одлуката е на судиите“, додаде францускиот претседател.

Слични содржини