(ВИДЕО) Се зголемува бројот на жртви од поплавите од „епски размери“ во Централна и Источна Европа

од Milan1
28 прегледи

Расте бројот на загинати во поплавите што изминатиот викенд ја погодија централна и источна Европа, а досега загинаа најмалку 17.

Би-би-си јавува дека во Чешка едно лице се удавило во поток во близина на градот Брунтал на североистокот на земјата, додека седум лица се уште се водат како исчезнати.

Четворица се потврдени мртви во Полска, иако портпаролот на Министерството за внатрешни работи рече дека точната причина за смртта на сите допрва треба да се утврди.

Во Австрија две лица на возраст од 70 и 80 години починаа на североистокот на земјата.

Еден од нив, жител на градот Хеберсдорф, изгледа се обидувал да испумпа вода од станот кога се удавил, јавуваат австриските медиуми.

Осум смртни случаи беа регистрирани и во текот на викендот во Полска, Романија и Австрија, каде што еден пожарникар загина за време на спасувачка операција.

Екстремните врнежи се зачестени во Европа, но и во поголемиот дел од светот, поради климатските промени.

Иако условите се стабилизирани во некои делови од централна Европа, други региони се подготвуваат за можна опасност.

Во Словачка Дунав го поплави  Стариот град на главниот град Братислава, а локалните медиуми јавуваат дека нивото на водата надминало девет метри и се очекува дополнително да се зголеми.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на IX напиша дека ги одложил сите меѓународни обврски „поради екстремните временски услови и поплавите во Унгарија“.

Најмногу врнежи имало во Чешка.

Во североисточниот град Јесеник, до четврток наутро паднале 473 милиметри – пет пати повеќе од просечните врнежи за еден месец.