(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Три девојчиња брутално претепале врсничка, поради дечко

од Milan1
27 прегледи

На социјалните мрежи се појави многу вознемирувачко видео од претепување на петнаесетгодишно девојче во Панчево.  Како што може да се види на видеото, три девојки избезумено ја нападнале едната, наводно поради нејзиното момче, а другите деца стоеле наоколу и не правеле ништо, освен едно момче кое се обидело да ги раздели на крајот од видеото.

– Ова се случи вчера во Панчево во близина на Хемиското училиште. Три 16-годишни девојки претепале 15-годишно девојче поради момчето во кое била заљубена, пишува под видеото.

Корисниците на социјалните мрежи не само што беа вознемирени од самиот настан, туку и од другите деца кои воопшто не реагирале.

„Мажите снимаат и се смеат како мали девојчиња“, „Што им е смешно кај овие деца“,  се дел од коментарите.

 

Слични содржини