18
Израелската армија соопшти дека во текот на ноќта од Либан биле истрелани околу 50 ракети кон градот Сафед и неговата околина, а Хезболах ја презеде одговорноста за овој напад.
Во соопштението се наведува дека израелските војници пресретнале голем број проектили во областа, а во овој момент нема извештаи за повредени или материјална штета, пишува „Тајмс оф Израел“.
Хезболах објави соопштение во кое ја презема одговорноста за ракетниот напад врз градот Сафед на северот на Израел, пренесува „Танјуг“.