Фицо: Постои голема веројатност војната во Украина да заврши за кратко време

од Milan1
80 прегледи

Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска изрази уверување дека постои голема веројатност војната во Украина наскоро да заврши, пренесоа словачките медиуми. Фицо оваа изјава ја даде во пресрет на заминувањето на самитот на Европската унија на кој беше поканет украинскиот претседател Володимир Зеленски да го претстави украинскиот „План за победа“, пренесува словачката новинска агенција „ТАСР“.

„Постои голема веројатност војната во Украина да заврши за краток временски период. Очекувам некаква навестување уште утре бидејќи наеднаш се појави темата за покана на Украина во НАТО, а таквата покана не може да биде бесплатна“, рече Фицо , а објави „РИА Новости“.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска пред украинскиот парламент го претстави „Планот за победа“ во пет точки, во кој првите четири точки се однесуваат на военото време, а петтата, последната точка, на повоениот период.

Слични содржини