Олаф Шолц му вети на Израел натамошни испораки на оружје

од Milan1
14 прегледи

Германскиот канцелар Олаф Шолц му вети на Израел натамошни испораки на оружје за тековните воени офанзиви на земјата во Појасот Газа и Либан.

„Има испораки и секогаш ќе има дополнителни испораки. Израел може да се потпре на тоа. Германија мора да го задржи Израел „во позиција да ја брани својата земја“. Израел може да се потпре на нашата солидарност – сега и во иднина, истакна денеска Шолц пред германскиот Парламент.

Тој рече дека палестинската милитантна група Хамас ги предводела бруталните и крвави напади против Израел пред нешто повеќе од една година.

Во исто време, Шолц посочи дека се уште е потребна хуманитарна помош за цивилите во Појасот Газа и дека мора да се почитуваат правилата на меѓународното право во конфликтите на Блискиот Исток.

Тој призна дека во конфликтот загинале и цивили и рече дека човештвото бара да сочувствуваат со сите жртви.

Слични содржини