50
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ја обвини Европската комисија дека се обидува да го собори неговиот кабинет и да воспостави „марионетска влада“ во Будимпешта.
Орбан рече дека неговата суверена политика во однос на војната во Украина и миграцијата е неприфатлива за Брисел.
-Сакаат да не принудат на војна во Украина, да ни ги наметнат своите мигранти и да ги предадат нашите деца на нивните активисти, рече Орбан.
Тој го обвини лидерот на опозициската партија Тис, Петер Маѓар, дека „ги поканил странците да му помогнат против Унгарците“.