(ВИДЕО) Гори нуклеарна централа во Иран, некои медиуми известуваат дека се работи за терористички напад

од Milan1
107 прегледи

Во нуклеарната централа во градот Карај во Иран денеска избувна пожар.

„Џерусалим пост“ пишува дека ова се наведува во објавите на иранските опозициски активисти цитирани од израелските медиуми.

Наводно, официјалните ирански медиуми се уште не ги коментирале овие тврдења.

На социјалните мрежи се појави видео во кое се тврди дека покажува пожар во нуклеарна централа во Караџ.

Тајмс оф Индија наведува дека се појавиле и тврдења за терористички напад, бидејќи оваа нуклеарна централа била цел на напад во 2022 година за кој Иран го обвини Израел, а потсетува и на вчерашниот терористички напад во близина на турската престолнина Анкара во кој пет лица беа убиени и што предизвика одмазда на Турција против курдските борци во северна Сирија и Ирак.

Слични содржини