Путин не негираше дека војници од Северна Кореја пристигнале во Русија

од Milan1
14 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин, не ги негираше тврдењата дека Северна Кореја испратила војници во Русија. Путин додаде дека Москва самата ќе решава како ќе се спроведува договорот за заемна одбрана со Пјонгјанг, притоа обвинувајќи го Западот дека ја ескалира војната во Украина.

Јужна Кореја веќе соопшти дека нивната разузнавачка служба имала информации дека 3000 севернокорејски војници се испратени во Русија и можеби ќе се вклучат во војната во Украина. Украина кажа дека војници од Северна Кореја веќе се распоредени во рускиот регион Курск.

Путин одговори за евентуални снимки кои покажуваат движење на севернокорејски трупи во Украина.

„Снимките се сериозна работа, и ако ги има, тогаш тие одразуваат нешто. Ние знаеме кој е присутен таму, од кои членки на НАТО“, кажа Путин.

Слични содржини