31
Властите на Украина ги повикаа севернокорејските војници да се предадат на украинските сили во новото видео на корејски јазик, бидејќи првите војници на Пјонгјанг според украински извори веќе пристигнаа во борбената зона во руската погранична област Курск, пишуваЈуроњуз.
На видеото објавено на социјалните мрежи меѓу другото се прикажани логори на заробеници во Украина и се ветува дека откако ќе се предадат, војниците ќе бидат задржани во согласност со Женевските конвенции, со гарантирани безбедни услови за притвор, храна и медицинска нега од украинска страна.