Севернокорејските војници од недела ќе почнат да се борат во Украина

од Milan1
26 прегледи

Севернокорејските војници од недела ќе почнат да се борат со украинските сили, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Според разузнавачките податоци, се очекува Русија да ги распореди првите севернокорејски војници во борбените зони на 27 и 28 октомври. Ова претставува руска ескалација“, напиша Зеленски на „X“ откако ја доби информацијата од врховниот командант.

Зеленски не појасни во кои борбени зони треба да бидат испратени севернокорејските војници, ниту пак даде други детали.

Украинската воена разузнавачка служба вчера објави дека првите севернокорејски војници веќе се забележани во руската погранична област Курск, каде што дејствува украинската армија од инвазијата во август.

Околу 12.000 севернокорејски војници, од кои 500 офицери и тројца генерали, веќе се во Русија и се обучуваат во пет воени бази, соопшти разузнавачката служба.

Слични содржини