33
Украина планира наскоро да мобилизира 160.000 луѓе за да ги пополнат редовите на својата армија. Од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, вкупно се мобилизирани еден милион и 50.000 граѓани, рече Александар Литвиненко, секретар на Советот за безбедност и национална одбрана и најави дека сега „се планира да се мобилизираат дури повеќе од 160.000 луѓе“.
Овој најнов бран на мобилизација ќе биде завршен за три месеци, изјави за АФП извор од безбедносниот сектор.
Русија денеска објави дека освоила уште три села и два града во источниот украински регион Донбас, каде што нејзините сили забрзано напредуваат последните денови, бидејќи претседателот Владимир Путин го прогласи заземањето на таа индустриска област за приоритет.