23
Претставници на Јужнокорејската воена разузнавачка служба (ДИА) денеска ги известија пратениците дека Северна Кореја очигледно испратила специјална единица на фронтот во Украина.
– Сè уште нема прецизни информации дека севернокорејски војници се распоредени на украинскиот фронт, но постои можност некои севернокорејски специјални единици да се испратени на фронтот, изјавија пратениците Ли Сеонг-квеун од владејачката Партија на народна моќ и пратеникот, Парк Сан-вон од главната опозициска Демократска партија.
ДИА, исто така, соопшти дека најверојатно неизбежно ќе биде мобилизацијата и распоредувањето на севернокорејските војници на првите линии на фронтот во Украина, вклучително и во регионот Курск, западна Русија.