Фајненшл тајмс: Украина и Русија започнаа мировни преговори за енергетската инфраструктура

од Илинка Илиоска
26 прегледи

Британскиот дневен весник „Фајненшл тајмс“ (Financial Times) објави дека Украина и Русија со помош на Катар наводно почнале мировни преговори со цел да се запрат нападите врз енергетската инфраструктура.

Неименуван дипломат истакна дека двете земји  најверојатно донеле одлука да го запрат понатамошното уништување.

Состојбата во Украина е особено драматична бидејќи е многу помала земја од која уште пред една година имаше информации дека е уништена или оштетена 95 отсто од енергетската инфраструктура.

Неименуван висок украински претставник изјави дека изминатите недели се намалени нападите врз енергетската инфраструктура, како дел од договорот постигнат помеѓу руската и украинската разузнавачка агенција

И Киев и Москва претходно прифатија дека запирање на нападите врз енергетската мрежа на Украина и рускиот капацитет за рафинирање нафта е нивен заеднички интерес, наведува ФТ.

Слични содржини