63
Од час во час се зголемува бројот на жртви од поплавите во Шпанија. Според последните податоци, најмалку 158 лица загинале, а неуморните спасувачи се уште трагаат по исчезнатите.
На социјалните мрежи се шират бројни видеа од спасување, заробени луѓе во куќи, но и од поројниот дожд кој се шири низ градовите.
Меѓу многуте снимки е и една од мала општина во регионот на Арагон. Станува збор за браната „Almonacid de la Cuba“, која ги издржа насилните бранови на вода.