Пукање поврзано со шверц на дрога во западниот француски град Поатје се претвори во тепачка во која учествувале до 600 луѓе во четвртокот вечерта, соопштија француските власти, пренесе Би-би-си.
Пет лица се тешко повредени во пукање во ресторан во градот, меѓу кои и 15-годишно момче кое е во критична состојба откако било застрелано во главата, изјавија полициски извори за АФП.
Министерот за внатрешни работи Бруно Ретаље го опиша инцидентот како алармантен знак за ескалација на насилството поврзано со дрога во земјата.
„Овие престрелки не се случуваат во Јужна Америка, тие се случуваат во Рен, во Поатје, во овој дел од западна Франција некогаш познат по својот мир“, изјави Ретаље за BFMTV.
„Ние сме на пресвртница и изборот што го имаме денес е помеѓу општа мобилизација или мексиканизација на земјата“, рече тој, алудирајќи на раширените проблеми во Мексико со уличниот криминал и насилството од нарко картелите.