66
Група учесници на вечерашниот протест на опозицијата во Нови Сад фрлија факели во зградата на Градското собрание во Нови Сад, поради што се запали приземјето на зградата каде што е сместена полицијата.
Насилна група маскирани и со палки демонстранти продолжуваат да го гаѓаат Градското собрание и кршат прозорци, фрлаат ракети и петарди во зградата, обидувајќи се насилно да влезат и да ја провоцираат полицијата.
Тие уринирале и на зградата, а претходно истурале фекалии од цистерна што ја донеле и фрлиле црвена боја врз неа.
Во Нови Сад, во тек е протестот организиран од опозицијата во врска со смртта на 14 лица во уривањето на настрешницата на железничката станица во тој град, со барање да бидат казнети сите виновници за несреќата и премиерот.