20
Пет мигранти биле пронајдени во камион на граничниот премин Богородица. Мигрантите ги пријавил возачот на камионот.
– Денеска околу 01:30 часот на граничниот премин Богородица, за влез во државата И.А.(27) од Скопје, кој управувал товарно возило „сканија“ со косовски национални ознаки, им пријавил на царинските службеници дека има некој во камионот. Од страна на царински службеници, при прегледот биле пронајдени пет мигранти. Со нив бил извршен разговор, каде појасниле дека додека возачот правел пауза на грчката граница, влегле во задниот дел на приколката. Мигрантите се спроведени во Прифатно транзитниот центар Гевгелија за понатамошна постапка, се посочува во дневниот билтен на Министерството за внатрени работи.