16
– На 14.11.2024 во 20.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.А.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во домот на подрачјето на општина Аеродром физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга, оштетил дел од покуќнината и ѝ се заканувал со остар предмет, информираат од МВР.
Според пријавата, потоа се заканувал и на нејзината мајка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.