Вучиќ најави нови оставки поради настрешницата

од Milan1
8 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека утре се очекуваат нови оставки во врска со несреќата во Нови Сад, кога при падот на настрешницата на Железничката станица загинаа 15 лица.

„Утре очекувам нови оставки во владата и на други места и сигурен сум дека надлежното обвинителство во најбрз можен рок ќе преземе мерки“, рече Вучиќ на прес-конференцијата.

Вучиќ изрази сочувство до семејствата на жртвите и рече дека „државата ќе помогне максимално“.

„Сакам да им порачам на луѓето во Србија дека одговорноста не може да се избегне. Некогаш носиш политичка одговорност и кога си целосно невин и кога се ти се случува случајно, но мора да има значителна одговорност во кривичното право, затоа што 15 луѓе не загинале по своја вина, туку затоа што некој не си ја завршил работата доволно добро“, рече тој.

Слични содржини