26
Потона туристичкиот брод „Си стори“ со 45 патници во близина на брегот на египетското одморалиште на Црвеното Море. „Сан“ пишува дека на бродот имало 31 турист од различни националности и 14 членови на екипажот.
Инцидентот се случил околу 5 часот и 30 минути кога туристите тргнале на нуркање и бродот испратил сигнал пред да се изгуби секаков контакт со него.
Египетската морнарица мобилизираше хеликоптери и поморска единица во потрага по исчезнатите туристи. Спасувачките операции се во тек, а властите се обидуваат да најдат преживеани во водите на Црвеното Море.
Контролниот центар ги алармирал различните власти, вклучително и Центарот за поморско спасување, а тимовите за пребарување и спасување започнале големи спасувачки операции.